СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Спорт

Предновогодишен турнир во џудо – наградени учесници

Во спортската сала на ООУ „Кочо Рацин“ во организација на џудо клубот „Сеишин-Прилеп“ на 24ти Декември се одржа предновогодишен меѓуклубски турнир во џудо.

На спортскиот настан на кој се натпреваруваа околу 70 џудисти присуствуваше и градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески.

Натпреварувачите  од трите џудо клубови „Сеишен“,„Санкаку“ и Џудо Клубот „Прилеп-Прилеп“ се натпреваруваа во категориите почетници, помали пионери и пионери, во машка и женска конкуренција.

Наградите ги добија:

1. Најуспешен натпреварувач- категорија помлади пионери-2021 (Немања Џагадуроски) и (Благојче Мантароски) –  2 дипломи,
2. Најуспешен натпреварувач- категорија помлади пионерки-2021 (Тамара Илиоска) ,
3. Најуспешен натпреварувач- категорија  пионери-2021( Борис Џагадуроски),
4. Најуспешен натпреварувач- категорија пионерки-2021(Елеонора Илиоска),
5. Најуспешен натпреварувач- категорија кадети-2021(Никола Магдески),
6. Најуспешен натпреварувач – категорија кадетки-2021(Мартина Јанкоска),
7. Најуспешен натпреварувач-категорија јуниори-2021(Антонио Талески),
8. Најуспешен натпреварувач-категорија јуниорки-2021(Теодора Димеска),
9. Најуспешен натпреварувач-категорија млади сениори-2021(Јован Најдоски),
10. Најуспешен натпреварувач-категорија млади сениорки-2021(Марија Талеска),
11. Најуспешен натпреварувач-категорија сениори-2021 (Марко Тодорчески),
12. Најуспешен натпреварувач-категорија сениорки-2021 (Александра Најдоска),
13. Најуспешен натпреварувач на ниво на клуб севкупна конкуренција за 2021 година  (ТЕОДОРА ДИМЕСКА).

На турнирот беа доделени дипломи за најдобрите, а на градоначалникот Борче Јовчески му беше доделена посебна Bлагодарница –  „За посебен придонес во развојот и популаризацијата на џудо спортот“.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
Skip to content