Тешка сообраќајна несреќа се случила вечерва околу 20 часот на патот Прилеп – Битола, кај Беровци, кај безинската пумпа “Макпетрол“, а неофицијално се јавува дека во несреќата има една жртва, информираа од АМСМ. Сообраќајот на регионалниот пат Битола – Прилеп од 21:45 часот е нормализиран, по претходно најава од АМСМ дека сообраќајот на регионалниот пат Битола – Прилеп кај местото „Беровци“ се пренасочува по стариот пат „поради случена сообраќајна незгода со жртва“
Наводно, камион прегазил човек од прилепското село Беровци. Според не потврдени инфомрации станува збор за повозрасен човек, кој подлегнал на повредите.