Прволигашки фудбал денеска во Прилеп

45

Фудбалерите на Победа денеска со почеток од 14часот на градскиот стадион “Гоце Делчев” во Прилеп, ја дочекуваат екипата на Силекс.

Кратовчани во Прилеп ќе пристигнат со тројца поранешни членови на црвено-белите: Хамза Рамани, Дарко Анѓелески и Андреј Петкоски, и несомнено се фаворити на денешниот дуел.

Сепак, не смее да се заборави дека во првиот дуел есеноска, Победа славеше со високи 0:3 во Кратово, па фудбалските вљубеници се надеваат дека победашите и денеска ќе имаат доволно мотивација за да направат ново изненадување.

Победа во моментов е на самото дно на прволигашката табела, со изедначен број бодови со екипата на Скопје.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content