Политика
Пратениците на работилница за етичко однесување
Во Собранието на Македонија денеска ќе биде одржана четвртата работилница за примена на Кодексот за етичко однесување на пратениците.

На работилницата ќе се разговара за предлог-етичкиот кодекс за пратениците.
Предвидени се две сесии. На првата ќе биде претставен компаративниот преглед на институционални механизми за примена на кодексот на однесување (меѓународни практики), а на втората сесија ќе се дискутира за институционалната структура на телата за следење на примена на Кодексот во Република Македонија.