Правила за вежбање во текот на летните денови

43

Физичката активност во лето може да предизвика дополнително оптоварување на телото, па затоа е важно да ги знаете границите и да го слушате вашето тело. Доколку тазе сте почнале или се враќате од пауза, потребно е да ги прилагодите вежбите на умерен интензитет.

 

 

На што сè треба да обрнете внимание, доколку вежбате во текот на летните месеци:

1. Пијте многу течности

Хидратацијата е важна без оглед во какви услови вежбате, но особено е важна кога вежбате налето. Кога температурите се зголемуваат, повеќе се потите, така што водата помага да се надополнуваат течностите изгубени преку прекумерно потење.

2. Не претерувајте

На пример, доколку планирате да трчате пет километри, но по три сфаќате дека се чувствувате навистина лошо, застанете. Не се форсирајте. Послушајте го вашето тело и ако имате вртоглавица и слабост, време е да се одморите.

Сепак, најважно е да го слушате сопственото тело. Ако понекогаш го прескокнувате тренингот, тоа не е проблем, особено ако има предупредувања за топлотни бранови.

3. Проверете го времето пред да заминете да вежбате

Обрнете внимание на временската прогноза, односно на температурата во периодот од денот кога би сакале да вежбате. Избегнувајте физичка активност во најтоплиот период од денот. Идеално време би било рано наутро или навечер кога температурата е поподнослива и помалку опасна.

4. Не заборавајте на кремите за сончање

Пред да започнете да вежбате на отворено, не заборавајте да нанесете крема за сончање, и обидете се да ја практикувате најмалку 30 минути пред тоа, така што кожата ќе го апсорбира кремот.

5. Носете соодветна опрема

Изберете воздушна, лесна и широка облека која дозволува испарување на потта, за да можете да се разладите. Носете капа доколку сте на отворено, како и маици изработени од материјал кој е прилагоден за вежбање.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content