Почна откупот на тутун, земјоделците се жалат на понудената цена

45

„Со одгледувањето тутун сме 4-5 члена кои се занимаваме со оваа работа, но оваа година беше слаба поради сувото време“, вели земјоделецот Илхан Мемеди.

Илхани е еден од најмладите тутунари во селото Пресил во општина Крушево. Тутунот го собира заедно со уште пет членови на семејството. Иако годинава сушна, Илхани очекува да продаде над 5 тони тутун, но не е задоволен од продажната цена.

„Тутунарите велат дека цената ќе изнесува 360 денари, што е малку . Со оваа сума тешко можеме да ги покриеме трошоците. Приморани сме да одиме во странство, да заработиме денар повеќе, да обезбедиме егзистенција за нашите деца, а и цените се зголемија и сее поскапено“, додава Илхан.

Покрај Илхан, го запознавме и Бекри, друг тутунопроизводител од истото село, кој се подготвуваше за орање на земјата.

Само во селото Пресил во општина Крушево годишно се произведуваат повеќе од 300 тони тутун. Ова село е населено со над 550 Албанци кои главно се занимаваат со одгледување на оваа култура. Жителите велат дека понудената цена од 360 дена за килограм тутун не е довлна ниту да се покријат трошоците за производство.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content