СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

Поставен нов рекорд на цената на кашкавалот

На социјалните мрежи граѓаните панично споделуваат фотографии од цените на млечните производи. Производите стануваат сè понедостапни за македонските плати.

Во продавниците има големо шаренило од цените, но може да се забележи дека откако во трговијата се појавија цени од повеќе од 1000 денари за килограм кашкавал, што беше масовно споделувано во јавноста.

Економистите се децидни – нивото на цените се формира во корелација со куповната моќ. Или поинаку кажано, компаниите мора да ги намалат своите трошоци и профити за да има кому да продаваат. Секако, и тоа има граница – сè до исплатливоста на компаниите.

Според Групацијата за производство, откуп и преработка на млеко, цените на млечните производи се резултат на сегашниот недостиг на сурово млеко, но и на растот на трошоците за производство.

„Предизвиците во македонската млечна индустрија не се ништо ново. Ако се потсетиме на 2011-та и 2016 година, ќе видиме дека темите биле исти.

Во тековниот период производството на сурово млеко е намалено првенствено поради сушата и поскапувањата на добиточната храна од чиј увоз сме традиционално зависни.

Сепак, може да се каже дека не станува збор за траен недостиг на млеко, нема причини за такви стравувањa“, велат од Групацијата.

Фактот дека сме увозно зависни и дека во околните земји има недостиг на млечни производи, а и цените главно се повисоки, не влева многу оптимизам.

Денеска на социјалните мрежи се појави фотографија на која се гледа дека килограм овчи кашкавал се продава за неверојатни 1305 денари.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Прочитај повеќе:
Close
Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
Skip to content