Полицајци и пожарникари спасуваа шестмина завеани во прилепско село

55

Денеска околу 12 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Старавина при Регионалниот центар за гранични работи Југ во соработка со екипа на Територијалната противпожарна единица извлекоа шест лица од прилепското село Вепрчани, кои поради снежни наноси не можеле да излезат од селото од 13.02.2021. Лицата биле на возраст од 24 и 25 години од Кавадарци и во село Вепрчани отишле на 13.02.2021, се вели во соопштението од МВР.

Сите шест лица биле затекнати во добра здравствена состојба и со возила на граничната полиција и на противпожарната единица биле однесени во Прилеп, од каде заминале во своите домови во Кавадарци.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content