Побалкански здравје: Самитот на лидерите на Западен Балкан откажан оти пропадна тендерот за организацијата

102

Советот на министри го откажа Самитот на лидерите на Западен Балкан во Неум, бидејќи пропадна тендерот за организација на тој настан, јавија сараевските медиуми.

За организатор беше избрана фирмата „Мајндсет“, но по поднесена жалба тендерот е поништен.

Босна и Херцеговина требаше да биде домаќин на тој настан под покровителство на бројни меѓународни асоцијации и организации, а Неум беше избран за повеќегодишна дестинација.

Дводневниот настан требаше да ги собере клучните актери од регионот и од ЕУ, со цел зајакнување на соработката и дискусија за важни политички, економски и социјални прашања.

Целта на самитот е да се подобри политичкиот дијалог и да се зајакнат политичките и економските врски меѓу земјите од Западен Балкан и Европската Унија.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content