Пејачи го откажуваат настапот на пикникот на СДСМ: „Не ни кажаа дека ова е партиски собир, изманипулирани сме“

34

Партијата СДСМ организира традиционален пикник на Денот на независноста – 8 септември во месноста Пеленица во близина на Драчево, Скопје, на која е најавено дека ќе пејат македонските музички фолк ѕвезди како Сузана Гавазова, Јордан Митев, Благоја Грујоски, Виолета Пандовска, Татјана и Новица, гости од Мерак Меана, Адријана Кеш и Сања Барби.

„Ве покануваме на традиционалниот пикник “Пеленица”, по повод 8 Септември – Денот на независноста. Да ја продолжиме традицајата со песна и забава! Со себе понесете насмевки и позитивна енергија.Следуваат изненадувања и за најмладите! Ветуваме дека ќе си заминете со одлични впечатоци! Се гледаме на Пеленица!“, стои во поканата.

Адријана Ацеска, или Адријана Кеш, вчера објави на социјалните мрежи дека се откажува од настапот затоа што никој не и кажал дека тоа ќе биде партиски настан, иако со години го организира општинската организација на СДСМ од Кисела Вода.

„Почитувани, сакам и јас да се обратам во врска со настанот кој треба да се случи на 8 септември. Во текот на договорот никој не спомна дека ова ќе биде партиски поврзано. Рекламата ја видов утрово. Не сум партиски определна ниту ќе бидам, така да јавно се откажувам од овој настап за кој уште еднаш ќе кажам, требаше да биде народен собир, а не партиски собир“, напиша Адријана Ацеска.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content