Пензионерите се враќаат на работа, младите побегнаа

121

Претседателка на Сојузот на здруженија на пензионери, Станка Трајкова, вели дека реалноста во Македонија е поразителна бидејќи македонското население старее, а младите се иселуваат. Според неа за да се надомести работната сила сè повеќе домашни компании се обидуваат да ги заинтересираат работоспособните пензионери за повторен ангажман. Дел од големите трговски синџири, некои транспортери, агенции за обезбедување, почнаа да нудат позиции што одговараат како на годините, така и на здравствената и психофизичката состојба, вели Трајкова.

-Не откриваме топла вода, овој принцип сè повеќе се применува на Запад. Наша цел е во соработка со компаниите што ќе пројават интерес, да го подобриме материјалниот статус на корисниците на пензија. Вработувањата ќе се одвиваат преку агенција за привремени вработувања, како ангажирани по договор на дело. Работното ангажирање на пензионерот ќе значи како дополнителни приходи покрај исплатата на редовната пензија, како остварено право, а тоа е објавено и нашата веб-страница – вели Трајкова.

Меѓу двата пописа од 2002 до 2021 година, бројот на младите во Македонија се намалил за шест проценти. Проценките се дека над 77.000 млади лица кои се родени во државата, заминале во странство последните години. Овие податоци се наведени во анализите „Младите и пописот на населението“ и „Финансирање на младинските политики“.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content