СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Иницијатива за користење на канали за брза комуникација (instant messaging) помеѓу институциите и новинарите

Фондацијата Метаморфозис започна иницијатива за користење на канали за брза комуникација (instant messaging) помеѓу институциите и новинарите со цел проверка на вистинитоста на содржини пласирани во јавноста.

Креирани се четири затворени WhatsApp групи на следните теми кои се од посебен општествен интерес за државата и граѓаните: (1) ковид-19, (2) интеграции, (3) попис и (4) животна средина. Во овие групи претставници од надлежните институции ќе одговараат на новинарски прашања со цел да се потврдат одредени информации или да се разобличат дезинформации на дадените теми.

Иницијативата има за цел да ја олесни работата на новинарите и медиумските работници во однос на пристапот, добивање и размена на брзи проверени информации.

Заради веродостојна и професионално и комуникација, назначените претставници треба да се вработени во медиумите кои се членови на Про-медиа Регистарот на професионални медиуим.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Прочитај повеќе:
Close
Back to top button
Skip to content