Локално
Од четврток температури и над 40 степени
Целата територија на Македонија во четврток и петок ќе биде под влијание на топол бран со високи утрински и дневни температури кои на повеќе места ќе бидат над 35 степени, а во југоисточните делови и над 40 степени Целзиусови, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во целата држава во четврток и петок ќе биде активно портокаловото ниво на опасност од високи температури.
Според прогнозата, во петок ноќта ќе има зголемена облачност со појава на повремени врнежи.