СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

Од понеделник ќе почне исплатата на јануарските пензии

Пензионерите ќе може да располагаат со јануарските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 30 јануари, е одлука што е донесена на денешната седница на владата, по предлог на Министерството за труд и социјална политика.

На деловните банки им се препорачува преку филијалите и експозитурите на банките, да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи, според висината на пензијата.

Исплатата на пензиите до 11.000 денари ќе се изврши на 30 јануари (понеделник), пензиите во износ од 11.001 денар до 14.000 денари на 31 јануари, (вторник), пензии во износ од 14.001 до 18.000 денари на 1 февруари (среда) и пензиите над 18.001 денар на 2 февруари (четврток).

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
Skip to content