Одредени казните за непочитување на намалените цени за тестенините и млечните производи

47

Државниот пазарен инспекторат ги одреди казните за маркетите кои од 16 март нема да ја почитуваат владината одлука со која се определуваат највисоките цени во трговијата на мало на определени видови тестенини и одлуката за утврдување на највисоки цени на одредени видови млеко и млечни производи.

„Пазарниот инспекторат е постојано на терен со сите свои расположливи ресурси и ќе продолжи да врши надзори во согласност со законските надлежности, но и ќе постапува по Одлуките на Владата.  Во случај да се утврди прекршување на Одлуките ќе следат казни кои произлегуваат од Законот за трговија! Казните се високи и изнесуваат од 800 до 10000 евра, во зависност од големината и видот на економскиот оператор. Затоа апелираме да се почитуваат Одлуките, а ние како институција постојано сме на терен, постапуваме во согласност со нашите надлежности“, соопштија од ДПИ

тестенини неварени, неполнети ниту поинаку приготвени, што не содржат обично пченично брашно или гриз, без додаток на јајца (макарони и шпагети) чија највисока цена на овие производи од ставот се утврдува на нивото на цените кои се применувале на 1 март 2023 година, во трговијата на мало, и се намалуваат за 15 отсто.

Највисоките цени на наведените млечни производи се утврдуваат на нивото на цените кои се применувале на 1 март во трговијата на мало, и се намалуваат за 10 отсто и тоа: трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, урда, кравјo бело сирење и мешано бело сирење, кравји кашкавал (со исклучок на кравји кашкавал без додатоци и пармезан, кисело млеко, павлака i јогурт без додатоци.

„Одлуките нема да наштетат во стабилноста на домашниот пазар, но исто така не смее да се дозволи неконтролирано покачување на цените во услови на економска и енергетска криза. Верувам дека ќе се успее во битката за стабилност и ликвидност на компаниите и дека Владата ќе излезе во пресрет, како и до сега, онаму каде што ќе биде потребно! Овие Одлуки стапуваат во сила на 16.03.2023 година. До тогаш, апелирам, трговците да ги усогласат цените, во спротивно ќе следат високи казни! Пазарниот инспекторат ќе биде постојано активен на терен, и ќе постапува во согласност со надлежностите кои произлегуваат од овие Одлуки!“, се огласи и директорот на инспекторатот Горан Трајковски.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content