Објавени цените за електричната енергија кои ќе важат од 1 јануари

40

Регулаторната комисија за енергетика денеска ги соопшти цените на електричната енергија кои ќе важат од Нова Година.

Вкупната цена за електрична енергија на малите потрошувачи од 1 јануари се намалува за 20,15 проценти. Оваа цена ќе се применува за 70.000 компании.

Кај домаќинствата, цената на електрична енергија за првиот блок се намалува за 4,11 проценти. За вториот блок цената се намалува за 2,95 проценти, цената за третиот блок се зголемува за 0,85 проценти и четвртиот блок за 7,65 проценти.

-За 99,2 проценти од домаќинствата во државата ќе имаат намалени цени на електрична енергија. Доколку продолжат домаќинствата да штедат многу мал процент ќе имаат зголемени трошоци за електрична енергија, нагласи претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски на денешната прес-конференција на која ги соопшти цената за електрична енергија за малите потрошувачи и домаќинствата кои ќе важат од 1 јануари.

Цената на пренос на електрична енергија, нагласи Бислимоски, се намалува за 8,66 проценти, а за дистрибуција се намалува за 19,54 отсто. Мрежарината се намалува за речиси 20 отсто. Но од друга страна, Бислимоски потврди дека ДДВ-то ќе се зголеми од пет на 10 отсто.

Бислимовски посочи дека домаќинствата кои со потрошувачка на електрична енергија ќе бидат во првите три блока нема да имаат значително поскапување на сметките, односно оние кои штедат ќе имаат помали сметки.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content