Обуки за градење здрави навики за исхрана кај децата од предучилишна возраст

192
На 28-29 мај 2024 година, приближно 150 членови на персоналот од градинката „Наша иднина“ од Прилеп, вклучувајќи негувателки, воспитувачки, вработени во кујна и администрација, учествуваа на работилница за промовирање здрава и одржлива исхрана за децата од предучилишна возраст.
Оваа работилница е резултат на соработката помеѓу Министерството за труд и социјала, УНИЦЕФ, Едуленд и Здружението за одржлив просперитет Арете, кои заеднички работеа на развивање модули за нутриционистичка педагогија во рамките на проектот „Градење здрави навики за исхрана кај децата од предучилишна возраст“. Работилницата беше отворена од страна на Борче Јовчески, градоначалникот на Прилеп, општина-партнер на овој проект.
Обуката е клучна компонента во рамки на FEAST, петгодишен проект финансиран од програмата на ЕУ Хоризонт Европа и координиран од Универзитетот Хајделберг. Проектот вклучува 35 партнери од 15 европски земји и има за цел да одговори на итни предизвици со кои се соочуваат европските граѓани во пристапот до хранлива и здрава храна. Преку мрежа на лаборатории – Living Labs, вклучувајќи општини (меѓу кои и општина Прилеп) FEAST се обидува да поттикне позитивни промени низ синџирот на вредност на храната.
Овој проект претставува клучен чекор во градењето здрави и одржливи системи за исхрана. Со зајакнување на знаењата и вештините на персоналот во градинките за поттикнување здрави навики во исхраната кај децата, проектните цели се усогласуваат со пошироките цели на FEAST, промовирајќи синергија меѓу луѓето, планетата, јавниот и приватниот сектор.
……………………………………………………………………..
За повеќе информации, посетете ја веб-страницата на проектот: www.feast2030.eu или www.aretenet.org.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content