СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Земјоделие

Протест и блокада на земјоделците од Овче Поле

Срамота е што не лажат! Ги поминаа сите граници! Само не лажат!

Нивите жедни за вода ги обедини земјоделците од Овче Поле. Со жив штит го блокираа магистралниот пат Свети Николе-Велес. Ваквата одлука следуваше откако организаторите на протестот, како што велат, под притисокот од  полицијата беа приморани да ги тргнат тракторите од едната коловозна лента што беа паркирани уште од десет часот утринава.

Имат едно и единствено барање. Бараат вода за да може да произведуваат храна.

„ Министерот со директорите да дојдат и да ни кажат зошто во годината кога Калиманци прелива ние немаме вода за наводнување , но и да ни кажат дали е вистина дека е донесено одлука за зголемување на наплата за водарина„ изјави Митре Николов, земјоделец

„ Владата донела одлука за 78% се зголеми водарината, за ние од џеб  ги плаќаме нивните плати„ изјави Златко Здравковски, земјоделец.

Гневот е уште поголем бидејќи како што тврдат се изманипулирани и излагани. Минататата недела овчеполските земјоделци добија ветување дека водата во каналите ќе протече , па затоа блокадата ја ставија во мирување. Но дотокот на вода, не им ги задоволува потребите.

Ние немаме бавчи за да наводнуваме со црево. На нас ни треба  вода 4-5 бари притсок во каналската мрежа за да можеме да наводнуваме„ вели Митре Николов, земјоделец.

Последиците од сувите канали допрва ќе ги сумираат. Велат, штетите се огромни. Не можат да си го вратат вложеното, а камоли да спечалат нешто..

Штетите се големи. Детелината целата ни е згорена како стрниште изгледа„ изјави Драги Павлов, земјоделец.

Овчеполските земјоделци поддршка добија и од оризопроизводителите од кочанско кои се пожалија дека и кај нив полињата буквално горат за вода. Пред два дена поради истиот проблем, протестираа и земјоделците од карбиинско.

Александра Ристевска

Извор: Алфа ТВ.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content