Нов асфалт на четири улици во Прилеп (Фото)

36

Градоначалникот Борче Јовчески денеска изврши увид во почетокот на градежните активности за асфалтирање на улиците: Цена Џинорозот, Благоја Крстески, Добре Иваноски и Прохор Пчински со вкупна површина од 2500м2.

-Вреди да се напомене фактот што овие улици не се асфалтирани повеќе од 40 години. Инвестициите во областа на асфалтирање и рехабилитација на улици и патишта ќе продолжи и во наредниот период. Општина Прилеп ќе продолжи да работи во интерес на сите наши сограѓани – се вели во соопштението од општина Прилеп.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content