СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Новогодишно обраќање на градоначалникот Јовчески (Видео)

Почитувани мои сограѓани,

Пред нас е најубавиот период во годината. Се ближат празничните денови, Новогодишните и Божиќните празници.
2022 година, беше година полна со предизвици за сите нас, соочени со економска, политичка и енергетска криза, сепак вложивме многу труд, енергија и максимално искористување на расположливите потенцијали со цел да ги реализираме потребите и барањата на граѓаните, како и да ги исполниме нашите ветувања.

Предизвици секогаш имало и ќе има. Но со посветеност, разбирање и чесна работа, ќе се потрудиме, со заедничка сила да ги пребродиме, а од нив да го извлечеме само најдоброто.

Поддршката која што ја добивам од Вас, граѓаните, како и од моите соработници и советниците на Советот на Општина Прилеп, е мојот единствен мотив да продолжиме кон остварување на целта, а тоа е Прилеп да го направиме поубаво место за живеење за сите.

Празничните мигови носат светлост во секој дом , хармоничната атмосфера на претстојните празници нека донесе топлина во срцата.

Ви посакувам благосостојба, спокој и мир во вашите домови. Да шириме радост, среќа и љубов. Во новата година да продолжиме сплотено и да ја развиваме нашата општина. Ви посакувам добро здравје, среќна, просперитетна и бериќетна Нова 2023 година!

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
Skip to content