СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Избори 2024

Силни и директни пораки и решенија од ВМРО ДПМНЕ, за говорот на Мицкоски ќе се зборува со денови

ВМРО ДПМНЕ во Скопје, пред десетина иљади граѓани, ја започна својата претседателска кампања со промоција и настап на кандидатката за претседател Гордана Сиљановска Давкова и на претседателот на партијата Христијан Мицкоски.

Сиљановска зборуваше за најважните теми задачи на идната претседателска функција, посоќувајќи конкретни проблеми сега во надворешната и внатрешна политика, како и конкретни решенија за нив.

Нејзината основна политика надвор е нов професионален кадар во дипломатијата кој стручно ќе работи на подобрување на македонските позиции во меѓународната политика што ќе придонесе и до пристапување кон ЕУ со позиција која е равноправна со другите, а не како што е сега.

Пред насобраниот народ се обрати и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој поздравувајќи ја атмосферата, порача:

Народот доаѓа по своето… Доаѓа по тоа што му е одземено. Доаѓа по Македонија. Да си ја врати во свои раце и да ги отпочне големите промени на свеста, на начинот на живот, на вредностите, со кои ќе покажеме на сите дека можеме, дека знаеме, дека си ја сакаме државата, дека не ја даваме, и дека ние сите заедно, сме силата на Македонија.

Мицкоски се осврна на премрежињата низ кои ВМРО-ДПМНЕ истраја за да дојде до финално патување на почетокот на пролетта.

Се сеќавате како почнавме. Низ какви перипетии поминавме и како партија, и како држава. Какви подметнувања, опструкции, какви деструкции, обиди за рушење на ВМРО, и обиди за уништување на се она што значи македонска идеја, сон за држава со свој идентитет и вредности, што не се обидоа да направат, што не пробаа да сторат за да не нема. Какви се не сценарија смислуваа и сè уште смислуваат.

Сакаат да не нема. Мислеа дека ние сме само поединци, не сфаќајќи дека нивниот противник не е личност, туку идеја, идеја која живее во секој од нас. Сакаа да не обесхрабрат, демотивираат, уживајќи во апатијата која сами си ја создаваа. Но, еве сме! Посилни од кога било! Стоиме горди и исправени! Обединети, сложни, со јасна заедничка цел! Идејата не можат да ја уништат. Нашата идеја се вика Македонија, порача Мицкоски.

Целта на ВМРО-ДПМНЕ е, рече претседателот на партијата, Македонија да се врати во рацете на народот.

Проблемот на Ковачевски, е што државата му ја подари на Али Ахмети, и тоа на тацна. 20 години нема ниту ден човек кој од ДУИ одговарал. А денес државата е во нивни раце, а нивните измеќари од СДСМ се спремни да ја платат секоја цена само за да ја задржат фотелјата, и не прашуваат колку чини таквата распродажба.

„Едно општество за сите“, кое го преставуваа за врвен концепт, прерасна во општество за СДСМ и петорица главни во ДУИ кои одлучуваат за се што е важно.

Лидерот на најголемата политичка партија, Христијан Мицкоски, ја обвини власта дека државата веќе нема систем, а Македонците се граѓани од втор ред.

И не само Македонците, граѓани од втор ред се сите други граѓани без разлика на етничка припадност, дали се Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци… сите од ова држава кои не се Артан, или негови другарчиња, кои не се Бујар или негови другарчиња, кои не се Зечевиќ, Маричиќ, Али и Ковачевски и нивните 100-тина разбојници, кои ја уништија нашата држава, сите освен нив, се граѓани од втор ред. Владее хаос. Анархија. Банди се пукаат по улици, дрогата царува, криминалот цвета, непотизам насекаде, правда никаде. На добар пат сме Косово да е побезбедно и понапредно од нас. Да не ги познававме ќе мислевме дека тоа и им е целта. Да сме последна дупка во регионот, луѓе да се иселуваат масовно и да нема никаков систем и ред, потенцира Мицкоски.

Тој потсети на сите обиди на власта да ги изигра, зашто не може да ги победи.

Победникот на овие избори заедно со вас, народот на Македонија, е ВМРО-ДПМНЕ и вистинската сила за промени е токму оваа политичка структура со коалицијата Твоја Македонија. Влада ќе прави ВМРО-ДПМНЕ и никогаш нема да ја изиграме волјата на народот. Доаѓа победа голема како планина. Македонија да ја направиме повторно горда, порача Мицкоски.

И да одговорам на оние прозивки кои им ги дале скапо платените експерти да ги повторуваат дека сум немал јасен став за мнгу прашања…..еве да им одговорам, по јасен став нема од ветувањето кое ви го давам дека нема да бидам како тие сега- Ковачевски и Ахмети. Дека не ми паѓа на памет државата да ја дадам на тацнаа никому, а најмалку на 5 души од ДУИ кои ќе ја разграбуваат и газат. Дека нема да си играм со достоинството и гордоста на државата како тие сега.

Нема битка која ја добија, и нема пораз во политиката кој не го прогласија за голема победа. Францускиот предлог ни го преставуваат како голем успех, а всушност е јамката околу вратот на Македонија. Самите ја отворија дебатата околу потеклото на нашите дедовци и прадедовци, додека ги губиме нашите деца кои одат надвор од земјата. Удираат по темелите, а Бугарија ја користи слабоста на македонската влада. Создадоа раздори кои и кавги. Овозможија Бугарија Македонија и историското ВМРО да го гледаат како дел од нивната историја, а тоа главниот елемент од нашата Македонска историја што самото по себе покажува дека имаме различна историја. Кажуваат дека имаат план за ЕУ ама не го кажуваат кој е планот, и како ако до сега не обезбедиле две третини за смена на уставот како кога ке бидат од 30 пратеници планираат да обезбедат.

Планот нивен за ЕУ е да не воведат сите во предавство да ги ставиме Бугарите во Уставот па после што биде биде. Тоа не е план за ЕУ тоа е продолжување на нестратешкото работење по принципот купи ден продај. Ќе ставиме крај на откажувањата и поразите. Македонија не смее повеќе да губи и мора да ја направиме повторно горда.

И имаме човек кој ќе води и на меѓународна и на домашна сцена. Професорката Гордана Силјановска Дафкова е решението за претседател на Македонија. Жена со принципи која непоколебливо верува во правдата, во вредностите и во Македонија. Која има свој став, кој може да му се допаѓа некому или не, но таа до крај се бори за него, затоа што верува во него. Гордана Силјановска Дафкова покажа лојалност кон своите принципи и е еден од најдобрите експерти и познавачи на уставното право и политичкиот систем, работи кои овие години најмногу ги газеше оваа власт. На Македонија и треба претседател а не измеќар на ДУИ. Времињата се тешки, но изборот никогаш не бил по јасен. Заокружувањето за бројот 2 и поддршката за Гордана Силјановска на овие избори за претседател значи избор за Македонија која ќе биде повторно горда, за Македонија која ќе има цврсти ставови и кичма која нема да се витка. Професорке поминавме многу, ова е последниот круг, вие никогаш не се откажавте од вашата верба во правото, во човечкиот потенцијал да ги менуваме работите и оваа кампања ја почнуваме со голема верба во народот на Македонија и мотив да победиме за да градиме иднина.

Драги пријатели,

Оваа кампања ВМРО-ДПМНЕ ќе биде фокусирана кон понуда, планот за излез од кризата, и нема да се занимаваме со нашите противници. Од другата страна гледам дека СДСМ очајнички прибегнува кон црна кампања, кон измислување и фалсификување на документи. Тие во отсуство на сериозна програма во ситуација кога цела јавност знае дека нивниот збор не држи, дека немаат ниедден резултат, успех, туку само скандали И корупција, тие прибегнуваат кон црна кампанја.

Светлото е секогаш посилно од темнината. На народот му треба наддеж, проекти, понуда за подобар живот. Гледаме од власта дека имаат понуда на фалсификувани листови хартија, непостоечки записници кои изобилуваат со детски грешки, многу невистини. Изворот на таквите вести е еден балкански мешетар и контрактор со потекло од Израел кој скапо го платиле со украдените пари на народот. Тој е познат по таквите измислувања и фалсификувања и лажни вести.

Ова го кажувам за да не наседне народот ниту медиумите на ваквите лаги, и го кажувам ова за да знае и Ковачевски дека истиот човек пред да отиде кај него, беше кај мене и ми понуди да прави фалсификати документи за власта кои ќе ги продаваме во јавноста за големи скандали. Јас во политиката влегов да поправам, а не расипувам работи или терам црни кампања. Така силно го избркав од мојата канцеларија што го промаши и излезот од просторијата. Но еве гледам си нашол тезга во СДСМ и кај Ковачевски и така среќно си фалсификуваат документи и наводни записници. Но еве да не остане кажано, Ковачевски треба да знаеш дека за тоа кривично се одговора, а пред да се случи тоа и политички ќе одговараш со пораката која е ти ја испрати народот.

Знам дека големината на нашите предизвици е еднаква на слабоста на сегашните политичари. Знам дека сите граѓани на Македонија, без разлика на партиска, верска, етничка припадност се гладни за нови идеи, за нова политичка енергија, за едно ново водство кое ќе ја промени реалноста во која се живее. Тоа го гледам во очите на граѓаните со кои се сретнувам, низ цела Македонија. Гладта за нов вид на политика. Сега сме многу блиску до тоа. Поради вас. Поради вашата поддршка и енергија. Македонија повторно ќе работи, Македонија повторно ќе напредува, во Македонија повторно ќе има Правда, Македонија ќе се развива, ќе просперира… Македонија повторно ќе биде ваша! На нејзните граѓани.

Не можеме да си дозволиме лагодност на нашето однесување, лежерност и спокојно да ја чекаме победата и да ја чекаме власта. Не! Мора да ја заслужиме власта, мора да знаеме дека се бараат брзи резултати од нас, зашто предолго овие генерации чекаа нешто да се подобри, а завршуваа со разочарувања. Премногу време е изгубено. А заслужената власт значи одговорна власт.

Нема запирање. Не сега. Не кога толку е блиску победата и кога промените се на дофат на народот. Ни еден ден, ни еден час, ни една секунда одмор не смее да има. Борбата наша допрва почнува. Борба да се докажеме, борба да работиме за народот, и да ја оправдаме неговата доверба. Ве замолувам, барам од вас -Донесете ги промените, тие се во ваши раце.И нема ништо што е недостижно, шансата е ваша и на дофат. Бидете дел од овие промени.

Знам дека ќе има таков бран, дека такви промени се возможни затоа што го гледам тоа целиот овој изминат период. На народот му е доста од измами, доста од безредието, доста е од хаосот и корупцијата. Овој народ се спротивставувал секогаш во тешки моменти. Секогаш знаел да се избори за своето. Имам привилегија да ја видам таа желба за промени од редиците во продавниците, до редиците за вадење пасоши, до редиците по болниците, по халите од фабриките, во канцелариите на бизнисмените, по училиштата, факултетите, улиците, насекаде. Јаснооо ееее… промените доаѓаат. Народот си го бара своето. И сака да си ја врати државата во свои раце.

Сакам да зборуваме гласно за надежта.

Таа е најважна, и таа произлегува од борбата со проблемите и секојдневието која сите ние ја имаме. Јас имам надеж, јас верувам во вас, во вашата сила, во нашата заедничка сила да направиме подобро, да направиме нешто, да оставиме трага со која сите ние ова генерација ќе се гордееме. Да покажеме дека имаме вредности, дека сме достојни за држава, и дека сите ние заедно сме подготвени да ја градиме од ново нашата држава, врз руините на институциите кои ги срушија, да ја издигнеме новата република гордо и достоинствено. . . и можеби работите ви изгледаат невозможни, како далечен сон, или мрачни денеска, но држејќи се за надежта и вербата вон нас самите, утрешнината ќе биде светла, доаѓа ново утро, нова енергија. . .

Токму за тоа се овие избори, тоа е изборот со кои сте сите соочени сега, не верувајте ни секунда дека се е завршено, дека изборите се завршени, ни минута дека се завршува на 8-ми мај.

Нашата работа допрва почнува и мора да работиме од денеска натаму уште повеќе, затоа што иднината зависи од нас. Нема да се лажеме дека ќе биде лесно. Нема да биде лесно. Но се додека е во нас енергијата на промените и надежта, се додека се држиме до планот за развој и се бориме искрено, чесно, одговорно, посветено – успехот е неизбежен.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content