СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Земјоделие

Нови предизвици пред производството на храна

Производството на земјоделски производи и храна е пред нови предивици и оваа година. Почетокот на годинава покажува добра состојба на житните култури, особено лебното зрно кое во Прилепско-пелагонискиот регион е посеано на 15 до 20 насто поголеми површини. Временските прилики, реализацијата на владините мерки за зголемено производство на храна и проценката на земјоделците и сточарите за исплатливоста на производството се меѓу најбитните фактори за стабилизацијата во агро секторот, смета агрономот Горан Томески од подрачната единица на Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството во Прилеп.

-Есенските житни култури се во одлична состојба. Од сеидбата до овој момент условите се одлични за развој на житните култури, особено пченицата. Лебното зрно е посеано на 15 до 20 насто поголеми површини. Се очекува снежна покривка која е добредојдена за нивна заштита. Мерките на државата за употребата на ѓубриво укажуваат дека ќе имаме зголемени приноси. Но, сето е поврзано со текот на временските услови при растот и зреењето на житото. Во глобала, очекуваме дека ќе имаме зголемени приноси кои ќе ни дадат гаранција дека ќе имаме доволно жито за нашите преработувачки капацитети. Во министерството за земјоделство се креирани мерки и за растителното и за сточарското производство. Се мисли на финансиската поддршка и субвенциите, вели Томески.

Од друга страна, тука се намалениот сточен фонд и недостигот од работна сила. Младите не сакаат да се занимаваат со сточарство и тоа е тренд од 10-тина години. Сточартвото се темели на повозрасна категорија производители.

-Надежта е по зголемената цена на млекото и најавената поддршка од млекарниците на кооперантите за набавка на млечни крави, во мерките на министерството, од ИПАРД програмите и програмите за рурален развој дека ќе се осовременат фармите и ќе се стабилизира производството. Освен тоа, се повеќе земјоделско земјиште се дава под концесија, смета Томески.

Зависноста од увозот на земјоделски производи треба да се намалува и тука може да помогнат мерките. На добар пат е со растителното производство, а за стабилизација и зголемување на сточниот фонд потребнно е време.

– Имаме недостиг од наше производство и во жито, млеко и месо. Да се надеваме дека во наредните пет-шест години со континуираното зголемување на површините под пченица ќе се намали таа зависност, барем за лебното зрно. Генерално, целта на мерките е да ја намалиме зависноста од увозот. Засега во растителното производство успеваме. Треба да го стабилизираме сточниот фонд. Потребно е време. Живинарството не е проблем, но производството на месо сѐ уште е завино од увозот, објасува Томески.

Производителите се скептични и реално исплашени пред новото производство. Ланската година беше родна, ама обременета со зголемените трошоци. Исплашени се и поради намалената работна сила во овој сектор.

– Младите сѐ помалку се заинтересирани за сточарско производство. Намален е сточниот фонд. Треба време за да се сменат состојбите, вели сточарот Веселин Милески од селото Клепач, Прилепско кој дел од млечните производи ги продава на прилепскиот пазар.

– Минатата година ја поминавме некако, ама тешко. Сѐ се намали. Да водиме сметка да го вратиме народот назад, да му „попуштиме“, да му дадеме шанса да произведува. Еве, синот е голем земјоделец, ама трошоците се големи за заштитните средства. Како понатаму? Но, не може да откаже зашто имаме многу вложено. Годинава ќе биде тешко според цените на заштитните средства. Не може да опстанеме. Производството ќе се зголеми, доколку цените се контролираат, објаснува сточарот Киро Јачески од прилепското село Беровци.

Зоран Трајкоски, производител на градинарски култури вели дека на прагот сме на нови предизвици.

– Лани беа одлични условите за производство, ама трошоците големи. Но, ние остаревме, а младите замина, смета Трајкоски.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
Skip to content