Нови документи за 15 работни дена

106

Процесот за издавање лични карти и патни исправи е целосно ставен под контрола и отсега граѓаните ќе можат да ги добијат новите документи во законскиот рок од 15 работни дена, рече премиерот Христијан Мицкоски кој присуствуваше на првиот училишен ден во ОУ „Стив Наумов“ во Општина Гази Баба.

Од информациите што ги добивам од Министерството за внатрешни работи (МВР), околу 1.740.000 патни исправи се досега издадени и околу 1.400.000 лични карти. Нови возачки дозволи се издадени околу 750.000, а рокот за да се сменат старите возачки дозволи истекува на крајот на годината. Нема повеќе турканици, нема повеќе неред и нема повеќе понижување на македонските граѓани. Оваа Влада се грижи за интересите на граѓаните – рече Мицкоски.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content