Новата учебна година почнува за 245 илјади основци и средношколци

106

Утре почнува новата учебна 2024/25 година за сите ученици во основното и средното образование. Според податоците на МОН, новата учебна година ќе почне за 245 илјади ученици во основните и средните училишта, бројка што е намалена за 17 илјади во последните седум години.

Во истиот период бројот на првачиња е намален за околу 3.500 илјади. Ова е погубно и разочарувачки и е резултат на лоште политики, не само во образованието, туку во сите општествени сегменти, рече на денешната прес-конференција министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Таа најави дека постоечките политики ќе ги заменат со нови и прогресивни во чие креирање, како што рече, ќе учествуваат сите оние кои се засегнати. За тие политики да бидат спроведени, додаде, ќе биде обезбеден поширок консензус.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content