СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Македонија

ТЕЛМА дознава: НАТО авиони безбедно слетале вчера кога бандата на функционерот на ДУИ упадна во Кулата на контролата за летање

Во текот на вчерашниот упад, два авиони со НАТО ознаки по тој договор слетале на пистата во Петровец безбедно.

Официјални извори ја потврдија информацијата на Телма дека во текот на вчерашниот ден имало и две слетувања на НАТО воздухоплови на аеродромот во Скопје.

Вчера во кулата на летање на скопскиот аеродром, упадна групата на Беким Незири, советник на директорот на МНав и претседател на партискиот огранок на ДУИ во Чаир, која нападна контролор на летање, објави телевизијата.

Меѓу повеќе цивилни летови кон и од аеродромот имало и два лета на транспортни авиони на НАТО. Тие безбедно слетале на аеродромот како и сите други воздухоплови бидејќи не била нарушена безбедноста на авио-сообраќајот иако цел ден таму имаше драма која кулминираше со упад на непознати луѓе и насилство врз вработени, објави Телма.

Државата како земја членка на НАТО има годишен договор со Алијансата за користење на аеродромите од страна на воздухоплови на НАТО. Во текот на вчерашниот упад, два авиони со НАТО ознаки по тој договор слетале на пистата во Петровец безбедно.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content