Николоски од Брисел како дел од Европскиот избор на 40 највлијателни личности под 40 години (ВИДЕО)

26

Разговараме за состојбата во економијата во Македонија, за состојбата во политиката во Македонија, разговараме за можностите кои што Македонија ги нуди како потенцијално место за инвестиции. Но, исто така разговараме и за проблемите кои што и се случуваат во Македонија. За жал во Македонија корупцијата цвета, а економијата тоне. Ова високо ниво на корупција ги уништува сите шанси за напредок на државата. Високото ниво на корупција и организиран криминал ги одвраќа инвеститорите од инвестиции во Македонија, а ги тера младите да ја барат перспективата надвор. И затоа дискутираме како можат овие состојби да се променат. Јас зборувам дека се потребни брзи предвремени избори на кои што ќе дојде до промена во Македонија и една влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Ќе го постави патот напред кон економски просперитет и борба со организираниот криминал и корупција. Но, исто така и кон достоинствена Македонија и достоинствен македонски народ, со заштитен македонски јазик , македонски идентитет, признат и прифатен од сите, истакна Николоски.

За тоа зборувам и со претставници на Европската комисија, тука се претставници и потпретседателот на Европската комисија, тука е премиерот на Естонија, тука се бројни европски пратеници како и пратеници од националните парламенти, додаде Николоски.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content