Нема повеќе да плаќате по 1250 денари за имотен лист

125

Катастарските услуги поевтинуваат до шестпати. Или до милиони евра за една година ќе остануваат во џебот на граѓаните.Станува збор за намалување на цената на чинење за катастарските услуги за четири, пет, се до шест пати, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение.

– Дополнително, катастарот полека се ослободува од криминалот. Следат активности на надлежните органи за справување со корупцијата и криминалот. Исто така, односот кон граѓаните станува поинаков, се намалуваат гужвите, се намалува корупцијата, предметите ќе се решаваат со ред согласно законските прописи. Колку за илустрација само за овие речиси помалку од два месеци се решени илјадници предмети. Сето ова дополнително ќе биде видливо за секој еден граѓанин, додаваат од владејачката партија.

Иако ВМРО-ДПМНЕ наследи уништени институции, за само речиси два месеци почна да ја елиминира корупцијата, парите да остануваат во џебот на секој еден граѓанин. Тоа ќе биде видливо од ден на ден. Институциите веќе се вратени на граѓаните, се наведува во партиското соопштение.

Цените на катастарските услуги беа зголемени во февруари 2024 година, од страна на претходното раководство на агенцијата.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content