Најавен национален штрајк во срцето на ЕУ

27

Синдикатите во Белгија денеска организираат национален штрајк и ги повикаа работниците масовно да излезат на улиците за да протестираат против „блокадата на платите“ и социјалните проблеми.

Националниот штрајк во Белгија ќе ја парализира целата земја, повеќе од 200 летови од бриселскиот аеродром се веќе откажани, а железничкиот сообраќај ќе биде блокиран.

Синдикатите и организациите на работодавачи не успеаја да постигнат договор за движењето на платите и распределбата на социјалната помош во рамките на „Групата десет“ во понеделникот, изјави за агенцијата Белга претседателот на Конфедерацијата на белгиските претпријатија, Барт де Смет.

Синдикалците укажуваат дека ја отфрлаат „блокадата на плати“ во овој кризен период и особено посочуваат дека бруто-маржите на компанијата биле „историски високи“ во првата половина од годинава.

Од друга страна, организациите на работодавачи упатуваат на драматична состојба за компаниите поради автоматското индексирање што се применува, што значи дека покачувањето на платите следи по порастот на инфлацијата.

„Ситуацијата од ден на ден се влошува, нашите компании се во се потешка ситуација и сите сигнали се црвени“, објаснува Питер Тимерманс, генерален директор на Федерацијата на белгиски компании.

Поради националниот штрајк закажан за денеска, авиокомпаниите веќе откажаа 55 отсто од летовите планирани за пристигнување или полетување од бриселскиот аеродром како мерка на претпазливост, изјави портпаролката на аеродромот Натали Пиерар.

Станува збор за нешто повеќе од 200 летови, а се очекува да бидат блокирани и пругите.

Железничарите се жалат на „влошување на работните услови“, отсуство на „вработување од суштинско значење за одржување на благосостојбата на персоналот“ и повикуваат на „релевантно финансирање на мисиите на јавниот сервис“.

Јавната сообраќајна мрежа во Брисел ќе биде сериозно нарушена поради национален штрајк, предупреди бриселската транспортна компанија.

Многу автобуси, трамваи и метро затоа ќе останат на пероните.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content