СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Нови дојави за бомби во Скопје, Прилеп и во Охрид, наставата продолжува оналјн

Нови дојави за бомби утрово има во Скопје, Прилеп и Охрид.

Според информациите, закани за поставени електронски направи пристигнале на електронските адреси на 19 средни и 8 основни скопски училишта, едно училиште во Прилеп, како и Основниот суд во Охрид.

„Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“, велат од МВР.

За еден час наставата ќе продолжи да се одвива онлајн, по препорака на Министерството за образование.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content