Мобилна алатка за пријавување на прекршување на работнички права

43

Оваа апликацијата беше презентирана денеска од страна на ССМ и ДИТ, кои воедно потпишаа и Меморандум за соработка.

Како што изјави на денешната прес-конференција претседателот на ССМ, Дарко Димовски, Меморандумот има за цел унапредување на соработката меѓу овие две институции во насока на зголемување на ефикасноста и соработката во остварувањето, заштитата и унапредувањето на работничките права, како и обезбедување директна правна заштита при пријавување прекршени работнички права.

 

Исто така, целта е и обезбедување директна правна заштита при пријавување прекршени работнички права, токму преку користење на новата мобилна алатка.

Алатката е изработена со поддршка на Меѓународната организација на трудот (МОТ).

Според Димовски, значајно за апликацијата е тоа што истата нуди можност и за пријавување на прекршено право за себе и за друго лице, анонимно пријавување, директна комуникација со претставници на Сојузот на синдикати на Македонија и следење на вести и совети од ССМ од трудовото право, т.е. да не се прекршат работничките права кои се утврдени со закон и колективен договор.

Апликацијата е направена преку проектот за зајакнување на социјалниот дијалог кој заедно со МОТ, и со вакво ребрендирано делување на ССМ е наша заложба, определба и предизвик за претстојниот период во кој ќе настојуваме на сите работници на кои им се одземени и нарушени работничките права да можат на време да пријават, а ние како ССМ да интервенираме за да не поминат роковите за жалби до Државниот инспекторат за труд, па подоцна и до судовите, посочи Димовски.

Апликацијата е поддржана од Меѓународната организација на трудот и Европската Унија, преку проектот Зајакнување на социјалниот дијалог.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content