МНР испраќа дипломатска екипа во Украина да помага за евакуацијата на нашите државјани

52

Дипломатска екипа од земјава, во состав на актуелниот амбасадор Крум Ефремов и уште искусен конзуларен работник, заминуваат повторно за Украина со цел да ги водат процесите на терен при асистирањето за евакуација на наши државјани и украински државјани поврзани со нив, соопштија од Министерството за надворешни работи (МНР).

„Воедно информираме дека досега околу 50 наши државјани ја имаат напуштено Украина, додека 50 се сè уште на украинска територија како и нивни членови на семејство украински државјани. Од нив, 25 ги имаат напуштено резидентните места, и во моментов се упатени низ утврдени безбедносни коридори; нивното движење постојано го следиме сè до нивното напуштање на земјата, а потоа, нашите амбасади и конзулати од соседните земји ги преземаат сите активности за нивен безбеден трансфер назад кон земјава“,

соопштија од МНР.

Од МНР потенцираат дека секое движење низ Украина е сериозно отежнато и се одвива по споредни рути кои се преполни, па оттука движењето е бавно.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content