Михаилов: После подолга опсервација падна добро организирана криминална група

123

Заменик директорот на „Национални Шуми“, Кире Михаилов на социјалните мрежи објави за големата акција за сузбивање на криминалните групи кои ги пустошат македонските шуми. Во неа како што пишува Михаилов учестувале и вработени во претпријатието.

„Таа дрвна маса веќе одреден период од шума со фалсификувани документи издавани од наши вработени во ЈП “Македонски Шуми” била дистрибуирана до приватните складови, а од таму до граѓаните

Во оваа приказна која се провлекува подолг период се инволвирани и наши вработени од кои лицето К.Т., вработен во ПШС “Бабуна” Велес денеска е лишен од слобода и за него ВЕДНАШ отпочнуваме постапка за негово итно суспендирање од работа, а за останатите кои се инволвирани ќе бидат отпочнати соодветни постапки“, напиша Михаилов

Во денешнава акција било одземено едно моторно товарно возило натоварено со дрвни сортименти, на лице место на патот се пронајдени преку 100 метри дотурени дабови огревни дрва, а во самиот оддел од каде потекнува оваа дрвна маса има констатирано дека има посечено уште стотици метри кубни дабови огревни дрва. Вредноста на дрвната маса се проценува на 1 милион денари.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content