СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Избори 2024

Пендаровски, редок пример на политичар што плаќа за да добие катастрофални коментари

Кандидатот за претседател од СДСМ Стево Пендаровски е редок пример на политичар што плаќа големи пари за да добие катастрофални коментари на своја сметка.

Ако се анализираат коментарите што го добива на своите скапо платени постови на Фејсбук ќе се види дека над 90 проценти од коментарите што ги добива се катастрофални за него.

Кај сите останати кандидати има и лоши и добри коментари но кај Пендаровски овој сооднос е катастрофален за него.

Некои од коментаторите му даваат црвен картон а некои директно му укажуваат на грешките што ги направил.

Дел од коментарите на оваа порака во која не ја споменува Македонија воопшто не се за објава:

,,Никој не те поштува, да поштува некој треба да се поштуваш сам, тој што те поштува те сака како што си и кој си не те наморава да си го смениш името. Се плашите да го кажете името на државата оти клетите комшии ќе ви се налутат. Срамота”, стои во еден од коментарите на спонзорираниот пост.

,,Како ваш претседател, се трудев достоинствено да ја претставувам државата и граѓаните секаде низ светот.

Денес, зад нас, се 5 години одговорна надворешна политика, со заштитени македонски национални интереси, а, пред нас е клучното прашање:

Дали сакаме да се вратиме назад или да продолжиме напред со веќе стекнатата почит од целиот демократски свет”, пишува во овој спонзориран текст на Фејсбук.

Сите коментари на овој линк

https://fb.watch/rrOnWnBNQU/?mibextid=Nif5oz

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content