СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

Германија подготвува засолништа, сирени за тревога и кризни резерви

Германија почна да работи на зајакнување на своите јавни засолништа, како и на подготовка на кризни резерви во случај на војна, изјави сојузната министерка за внатрешни работи, Ненси Фезер за весникот „Велт ам Зонтаг“.

Владата размислува за подобрување на системот на јавни засолништа и ќе ги зголеми трошоците за цивилна заштита, истакна министерката Фезер за германскиот весник.

– Во Германија моментално има 599 јавни засолништа. Ќе видиме дали можеме да подобриме повеќе такви системи. Во секој случај, нивното демонтирање е запрено, додаде Фезер.

Таа објасни дека Владата работи на нови концепти, подобрување на подземните паркинзи, метро станиците и подрумите, со цел да станат потенцијални засолништа, а на сојузните држави им дала 88 милиони евра за поставување сирени за тревога.

Министерката најави и дека земјата ќе работи и на изградба на кризни резерви кои вклучуваат медицинска опрема, заштитна облека, маски или лекови.

Германскиот канцелар Олаф Шолц претходно вети дека ќе ги зголеми средствата за одбрана и ќе одвои 100 милијарди евра за армијата.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content