СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Македонија

МЕПСО ќе потроши 20.000 евра за перење возила во најголемата енергетска криза

МЕПСО нарачува 5.600 перења на коли за две години, што се 233 перења месечно или дури 8 перења дневно ако се земат в предвид и викендите кои главно се неработни. Во време на најголема енергетска криза, државниот електропреносен оператор МЕПСО планира да потроши речиси 20 илјади евра на перење и чистење на службените возила. Пред една седмица компанијата склучила двегодишен договор со фирмата со седиште во Шуто Оризари Европа Турс ДООЕЛ. Она што е зачудувачки во овој договор не е цената од 185 денари по перење, туку бројот на перења. Во договорот не е наведено за колку возила ќе се платат речиси 20 илјади евра за перење и течности за дотур на брисачи. Се знае само дека ќе се потрошат 12 илјади евра за 4 илјади перења на коли и 4.500 евра за 1.500 перења на теренските џипови. Фирмата ќе плати и 35 хемиски чистења. Дополнително ќе се потрошат и три илјади евра за 6 илјади литри зимска и летна течност за брисачи, анализира АЛФА.

Одговор и од МЕПСО. Тоа што Договорот гласел на 20 илјади евра , не значело дека во целост ќе се реализира.

„Договорот по спроведена јавна набавка за услуги-перење на возила кои се во сопственост на АД МЕПСО е двегодишен сукцесивен договор со максимално предвидени количини што значи дека АД МЕПСО како Договорен орган нема обврска сите и во целост да ги исполни и реализира, а со тоа не е во обврска да ја реализира вкупната вредност на овој Договор. Договорот се однесува на 65 лесни патнички возила, 36 теренски возила ( џипови) и 4(четири) Фиат Дукато (патар)“ – велат од МЕПСО.

МЕПСО е една од државните компании кои со години наназад беше посочувана во јавноста дека недомаќински троши пари. По скандалот со тендерот за купување фотелји од природна телешка кожа, следуваше и оглас за авионски билети во вкупна вредност од дури 84 илјади евра.

Ништо подобро не стои ниту АД ЕСМ. Државните електрани се постојано во фокусот со набавките и ангажирањето фирми за астрономски суми за ископ на јаглен, поправки и оддржување на далекуводите, погонски материјали и слично. Последен скандал во низата беше подновувањето на возниот парк во време на енергетска криза. Преку 4 јавни набавки, ЕСМ при крајот на минатата година потроши 850 илјади евра за купување на 16 џипови и комбиња. ЕСМ лани доби 200 милиони евра, а годинава ќе добие и поголема сума од државниот буџет, односно од парите на граѓаните и фирмите за справување со енергетската криза.

Прилогот на АЛФА погледнете го во продолжение:

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
Skip to content