Малолетник со тешки телесни повреди донесен во прилепската болница, откако паднал од моторцикл

235

На 13.06.2024 во СВР Битола било пријавено дека во 18.00 часот во с.Тополчани, прилепско, малолетник од Тополчани, управувајќи мотоцикл без регистарски ознаки, изгубил контрола над мотоциклот и паднал на коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од Тополчани, констатирани во Градска општа болница во Прилеп.

Увидот го извршила увидна екипа на ОВР Прилеп – информираат од СВР Битола.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content