Економија
Македонски телеком почна да наплаќа 15 денари провизија ако сметката ја платите на шалтер
Македонски телеком, во кој еден од најголемите акционери е и Владата, која ја поседува и златната акција, од 1 јуни почна да наплаќа 15 денари провизија за сметка, доколку истата ја платите во нивните салони.

Вработени во еден од салоните за еМагазин објаснуваат дека идејата за провизијата била да се мотивираат клиентите да ги плаќале сметките електронски.
Контрадикторно, доколку сметката ја платите на автомат (ако го има во салонот), не Ви наплаќаат провизија.
Провизијата ќе Ви стигне на наредната сметка.