Политика
Лепавцов: Преговарачката рамка е во целост одговорност на Владата
Поранешниот амбасадор на Македонија во Европската Унија, Андреј Лепавцов се огласи на социјалните мрежи во врска со францускиот предлог. Вели дека преговарачката рамка и нејзиното одобрување во целост се одговорност на Владата.

Како поранешен амбасадор на Република Македонија во ЕУ, можам да споделам дека најблиску до вистинско започнување на преговорите со ЕУ бевме во декември 2012 година. За жал, Грција и Бугарија со големи маки тоа го спречија во последен момент. Деновиве сме сведоци на наменско инволвирање на Собранието во дискусија и гласање околу преговарачката рамка.
Преговарачката рамка, преговарањето со ЕУ околу нејзината содржина и нејзино одобрување е во целост одговорност на Владата, пишува Лепавцов на Фејсбук.