За функционерите 78 проценти покачување, а ние се молиме за три илјади денари.
Ваква е реакцијата на лекарите, кои се револтирани бидејќи не го добиле ветеното покачување најавија порадикални мерки и генерален штрајк.
Глувоста на властите не тера да стапиме во „бел штрајк“, велат лекарите.
Министерот за здравство тврди дека ова се шпекулации и дека за неколку дена ќе се исплати договорената сума.
Двата синдиката за задравство на 30 март се договорија со претставниците на министерството за зголемување на платите. Медицинските сестри требаше да добијат по 3000 денари зголемување, а останатите вработени во здравство по 2.000 денари.