Контроли во угостителски објекти во Прилеп и прилепско: Пронајден нож, малолетници пиеле алкохол

41

На 06.08.2022 во периодот од 00.10 до 03.00 часот, во рамки на проектот „Безбедно лето 2022“, полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, СВР Скопје и Одделот за специјални полициски операции во координација со Управата за јавни приходи, Државниот пазарен инспекторат и Трудовиот инспекторат спроведоа акциска контрола во повеќе угостителски објекти во Прилеп и прилепско.

При контролата биле констатирани повеќе прекршоци, а приведени биле 19 лица, од кои седум малолетници. Во објектите биле затекнати седум малолетници после 24 часот, а двајца малолетници биле затекнати при конзумирање алкохол. Исто така, 10 лица не поседувале докумнет за идентификација, кај едно лице бил пронајден нож, затекнат е еден странски државјанин со нерегулиран престој, а едно лице го нарушило јавниот ред и мир. Против сите лица и правни субјекти ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Воедно, од претставниците на Управата за јавни приходи, Државниот пазарен инспекторат и Трудовиот инспекторат биле констатирани прекршоци во сите контролирани објекти за што ќе бидат изречени соодветни санкции.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content