Конкурси за стипендии за студии на странски универзитети за 2022/2023 година

45

Максималниот износ на стипендијата за сите три студиски циклуси е 40.000 американски долари годишно со кои ќе бидат надоместени трошоците за уписнина.

Стипендиите за прв циклус (додипломски) се доделуваат за студии на еден од првите десет рангирани универзитети од сите области односно на еден од првите сто рангирани универзитети, согласно последната објавена листа на шангајскиот универзитет „Џио Тонг”, за студии од областа на техничките науки, архитектурата, градежништвото, математиката, меѓународното право, економијата и финансиите, физиката, биологијата, хемијата, медицинските науки и генетиката.

За втор циклус и за трет циклус се доделуваат стипендии за истите области и ранг на универзитетите на Шангајската листа како и за првиот циклус, освен за медицински науки кои не се наведени во конкурсите за магистерски и докторски студии.

На корисникот на стипендија (од сите три конкурси) му се надоместуваат трошоците за уписнина во висина од најмногу 40.000 американски долари годишно, исплатени во соодветна валута, според средниот курс на Народна банка на Република Северна Македонија на денот на објавувањето на конкурсот, два авионски билета на почетокот и по завршување на студиите или еден повратен авионски билет.

Рокот за пријавување за стипендиите за сите три циклуси на студии е 15 септември 2022.

До тој датум ќе биде и пријавувањето за стипендии за додипломски студии од прв циклус во странство од областите на ликовната уметност, кинематографија и филмска продукција, драмската уметност и музиката за академската 2022/2023 година, за кои МОН денеска, исто така, го објави Конкурсот. И во оваа категорија стипендии на корисникот му се надоместуваат трошоците за уписнина во висина од најмногу 40.000 долари годишно.

Во сите конкурси се наведени и обврските коишто избраните кандидати ќе ги имаат кон Република Македонија и доколку не се вратат во земјава по завршувањето на студиите.

Во конкурсите се достапни информации за условите за пријавување, потребните документи и начинот на аплицирање, детели за висината на стипендиите, како и Решението за утврдување на начинот на пресметка на трошоците за месечна стипендија на студенти кои студираат во странство за академската 2002/2023 година, врз основа на Листата на индекси на малопродажни цени за животни трошоци која е објавена од Обединетите нации.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content