СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Технологија

Колку дена треба да работат Македонците за да го купат новиот iPhone 12?

Во последните две години интернет-порталот Веривокс истражува колку луѓе во различни земји во светот треба да работат за да си дозволат iPhone. За ова истражување пишува „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

Први на списокот се граѓаните на Лихтенштајн на кои им требаат три работни дена за таа набавка, додека последна на списокот е Молдавија, каде што луѓето треба да работат во просек 85 дена за нов iPhone, пренесува „Дојче веле“.

Пресметката на таканаречениот индекс на iPhone е едноставна, а резултатите се изненадувачки. Цената на најновиот модел на iPhone 12 се споредува со националниот бруто-приход. На потрошувачите во Германија им треба просечно осум работни дена за да заработат за сегашниот iPhone 12 со 64 гигабајти меморија.

 

Она што изненадува е што овие уреди се поскапи во некои „сиромашни“ земји отколку во „богатите“. Додека во Германија iPhone 12 чини 876 евра, неговата цена во Северна Македонија е 1.061 евра. Без оглед на фактот дека поранешната југословенска република има една од најслабите економии и дека мора да се бори со слаба инфраструктура и висока невработеност. Два милиони луѓе кои сакаат да имаат iPhone по секоја цена треба да работат во просек 76 дена за да го купат, нешто помалку од граѓаните на Молдавија. Паметниот телефон на Apple е слично скап и во Грција, Шведска или Унгарија, каде чини над 950 евра, пишува весникот.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
Skip to content