Кои денови ќе бидат неработни во 2023 година?

36

Уште неколку часа не делат од крајот на 2022 година, и стартот на 2023.

Додека се подготвувате за најлудата забава во годината, сигурни сме дека немате многу грижи, бидејќи следните два дена ќе бидат неработни. Но, кои други денови во 2023 година ќе бидат неработни и колку продолжени викенди ќе имаме, погледнете во продолжение:

За сите граѓани на РСМ

  • 1 јануари (недела), Нова година, 2 јануари (понеделник) е неработен ден
  • 7 јануари (сабота), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар
  • 17 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар
  • 21 април (петок), Рамазан бајрам, првиот ден на Рамазан бајрам
  • 1 мај (понеделник), Ден на трудот
  • 24 мај (среда) „Св. Кирил и Методиј“ – Ден на сесловенските просветители
  • 2 август (среда), Ден на Републиката
  • 8 септември (петок), Ден на независноста
  • 11 октомври (среда), Ден на народното востание
  • 23 октомври (понеделник), Ден на Македонската револуционерна борба
  • 8 декември (петок), „Св. Климент Охридски”

За граѓаните од православна вероисповед

  • 6 јануари (петок), Бадник, ден пред Божик
  • 19 јануари (четврток), Богојавление (Водици)
  • 14 април (петок), Велики петок, петок пред Велигден
  • 17 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден
  • 2 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
  • 28 август (понеделник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

За граѓаните од католичка вероисповед

  • 10 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден
  • 1 ноември (среда), Празникот на сите светци
  • 25 декември (понеделник), првиот ден на Божик

За граѓаните од муслиманска вероисповед

  • 28 јуни (среда), Курбан бајрам, првиот ден на Курбан бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ

  • 22 ноември (среда), Ден на албанската азбука

За граѓаните припадници на српската заедница во РСМ

  • 27 јануари (петок), Свети Сава

За граѓаните припадници на ромската заедница во РСМ

  • 8 април (сабота), Меѓународен ден на Ромите

За граѓаните припадници на влашката заедница во РСМ

  • 23 мај (вторник), Национален ден на Власите

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ

  • 25 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РСМ

  • 28 септември (четврток), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ

  • 21 декември (четврток), Ден на настава на турски јазик.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content