Китановски: Три хеликоптери се вклучуваат во гаснењето на поажарите во Пехчевско

138

Пожарот што избувна вчера над градот Пехчево, е ставен под контрола, а за негово целосно гаснење утрово вклучени се и три хеликоптери, изјави за МИА градоначалникот на Пехчево Александар Китановски.

-Во текот на вчерашниот ден беше зафатен појас над село Негрево кој се прошири и во атарот над Пехчево каде гореше високостеблеста борова шума и се јавија големи пламени јазици на кои немаше можност да делува човечка сила. Имавме помош во вчерашниот ден од ер-трактори. Во комуникација со ЦУК и директорот Стојанче Ангелов кој беше вчера на терен, добивме целосна поддршка за локализација на теренот. Огнениот појас се движеше некаде околу 10 километри, гореше во атарот на село Негрево со колку што можевме со човечки сили го спречувавме пожарот да не се спушти накај Пехчево, рече Китановски.

Тој нагласи дека напорите за справување со огнената стихија траеле и во текот на ноќта, целата ноќ имало дежурни екипи на терен, а состанок одржал и Кризниот штаб при што постигната е координација за денешните активности на терен.

-Во доцните часови одржавме состанок со Кризниот штаб каде беа прецизирани мерките за почеток на денешниот ден. Во координација со Дирекцијата за заштита и спасување, гранична полиција, противпожарните единици од околните градови и доброволни противпожарни друштва мислам дека денеска координацијата е добра и на терен се делува добро и превентивно. На одредени места кај што имаше пламени јазици пожарот е локализиран, а на некои места повторно се разгорува, вели Китановски.

Со директорот на ЦУК Стојанче Ангелов договорено е ангажирање на три хеликоптери.

-Во утринските часови, како што беше договорено вчера со директорот на ЦУК, добивме и воздушна поддршка со три хеликоптери, благодарение на кои пожарот се става под контрола и може да делува човечка сила. Гори високостеблеста борова шума пламените јазици се дигаат по 30, 40, можеби и 50 метри, така што е невозможно човечка сила да делува. Хеликоптерите ќе бидат во текот на наредните часови тука и ќе помогнат во гасењето. Се надевам дека за неколку часови пожарот ќе биде локализиран. Сепак, тоа е природна непогода, се е во божји раце, се надеваме дека со помош на ер-тракторите и на хеликоптерите ќе биде ставена под контрола, вели Китановски.

Во гасењето на пожарот вклучени се и луѓе доброволци од повеќе градови како и од месното население. Проценува дека има над 150 луѓе кои се на терен, а помагаат и од неколку доброволни друштва. Очекуваат помош и од специјалните сили од Скопје, а апелираат на помош и од граѓаните од околните населени места.

-Мислам дека никој не остана рамнодушен на пожарот, бидејќи ние знаеме пред три години имавме таков катастрофален пожар, можам да кажам дека и оваа година, вчера и денеска овој пожар е дури и поголем, рече Китановски.

Во меѓувреме, поради алармантната состојба со пожарот во околината на Пехчево, од синоќа е отворен пункт за донирање вода и храна за пожарникарите кои учествуваат во гаснењето на пожарот. Пунктот се се наоѓа во Домот на културата во Пехчево, а апелот на надлежните е сите кои што се во можност можат да донираат, се со цел да им се пруми поддршка на учесниците во неговото гаснење.

-Да, граѓаните се хумани. Пристигнува помош од секаде, не само од Малешевијата и од Пехчево, стигнува помош од цела Македонија како донации во храна, во вода, така и во логистика. Се надевам дека ќе пристигнат, потребно е уште луѓе. Ги повикувам сите граѓани кои се слободни, коишто можат да го гаснат пожарот да дојдат на терен затоа што навистина ни се потребни повеќе човечки ресурси, велат од пунктот.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content