Календар со неработни денови за 2022 година

238

Кликни на сликата да го превземеш календарот.

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07), во 2022 година неработни денови се:

 

За сите граѓани на РМ:

  • 1 јануари (сабота), Нова Година,
  • 07 јануари (петок), Божиќ, првиот ден на Божиќ според православниот календар,
  • 25 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,
  • 1 мај (недела), Ден на трудот,
  • 2 мај (понеделник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,
  • 24 мај (вторник) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители,
  • 02 август (вторник), Ден на Републиката,
  • 8 септември (четврток), Ден на независноста,
  • 11 октомври (вторник), Ден на народното востание,
  • 23 октомври (недела), Ден на Македонската Револуционерна Борба,
  • 8 декември (четврток), „Св. Климент Охридски“.

За граѓаните од православна вероисповед

  • 06 јануари (четврток), Бадник, ден пред Божиќ,
  • 19 јануари (среда), Богојавление (Водици),
  • 22 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,
  • 10 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
  • 28 август (недела), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

  • 17 Април (недела), Велигден, вториот ден на Велигден,
  • 01 ноември (вторник), Празникот на сите светци,
  • 25 декември (недела), првиот ден на Божиќ.

За граѓаните од муслиманска вероисповед

  • 09 Јули (сабота), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам.

За граѓаните припадници на албанската заедница

  • 22 ноември (вторник), Ден на Албанската азбука.

За граѓаните припадници на српската заедница

  • 27 јануари (четврток), Свети Сава.

За граѓаните припадници на ромската заедница

  • 08 април (петок), Меѓународен ден на Ромите.

За граѓаните припадници на влашката заедница

  • 23 мај (понеделник), Национален ден на Власите.

За граѓаните припадници на еврејската заедница

  • 05 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур.

За граѓаните припадници на бошњачката заедница

  • 28 септември (среда), Меѓународен ден на Бошњаците.

За граѓаните припадници на турската заедница

  • 21 декември (среда), Ден на настава на турски јазик.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content