Како да направите своја градина со зачини

34

Билките како што се рузмаринот, босилекот, власецот, мајчината душичка или ориганото се лесни за одгледување и немаат потреба од посебни услови. За да ги одгледувате потребни ви се саксии, земја, семиња и место во близина на прозорецот. Или, може да ги купите засадени од специјализирани продавници, расадници. Се препорачува овие билки да се стават на прозорец што гледа кон југ, бидејќи таму би апсорбирале најмногу светлина, а потребно е овие зачински билки да бидат изложени околу 6 часа на сонце. Покрај тоа, можете да купите и додатоци за побрз раст на нив во специјализирани продавници. Се препорачува секоја билка да е во посебна саксија, бидејќи немаат сите иста потреба од  вода.

Најдобро е да ги изберете оние билки што ви се допаѓаат и кои се користат во повеќе рецепти, или билки од кои можете да направите чај.

Споменатите босилек, мајчина душица, оригано, рузмарин и нане, во однос на условите се прилично лесни за одржување, а покрај нив и копарот, магдоносот, анасонот, жалфијата и чубриката(матерката).

Наполнете три четвртини од саксиите со земја. Потоа ставете ги семињата и покријте ги со остатокот од почвата. Ќе бидат потребни 4 до 6 недели за билката да нарасне.

После тоа, навлажнувајте ја почвата со вода. Саксиите може дополнително да бидат покриени со пластична проѕирна фолија. Кога растенијата ќе почнат да растат, треба да ја отстраните фолијата.

За одржување на влагата, ставете ја саксијата минимум 3 см во вода, додека капките влага не почнат да се појавуваат на врвот на почвата. Извадете ја од водата и ставете ја на тацна до сончев прозорец.

Битно е да се полеваат растенијата секојдневно, бидејќи брзо растат. Мртвите садници кои не напредуваат, слободно отстранете ги. Ако некоја билја се шири премногу, слободно пресадете ја во поголема саксија или проретчете ја.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content