Казахстан последна проверка за македонскиот тим пред ЕУРО 2020

43

Селекторот Игор Ангеловски на вчерашната прес-конференција најави измени во составот, истакнувајќи дека дуелот против Казахстан со почеток од 18 часот на арената „Тодор Проески“ ќе биде искористен како подготвителен тренинг.

Можеби ќе излеземе со поразличен состав од оној со Словенија. Сакам да им дадам повеќе минутажа на некои што играат помалку, изјави Ангеловски.

 

Во комбинација за настап на дуелот против Казахстан со сигурност нема да биде Енис Барди, откако играчот за врска на вчерашниот тест повторно беше позитивен на коронавирус и останува неизвесно до понеделник дали ќе може да и се приклучи на репрезентација пред заминувањето на Европското првенство.

На првиот од двата подготвителни натпревари пред настапот на ЕУРО2020, македонскиот до понеделник ќе може да и се приклуч состав во понеделникот ремизираше 1:1 против Словенија во Скопје.

Македонката репрезентација на стартот на ЕУРО2020 игра против Австрија, на 13 јуни, пред дуелот со Украина, четири денови подоцна. По двата натпревари во Букурешт, македонскиот состав на 21 јуни во Амстердам против Холандија го игра завршниот натпревар во рамки на групата Д.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content