Италија не е непобедлива, македонските фудбалери пред натпреварот во Палермо

19

Фудбалерите ќе се обидат да направат сензација и да се пласираат на Светското првенство што ќе се игра во Катар, пишува „Топ спорт“.

„Горди сме што дојдовме и до овде, ова е голем успех за Македонија. Се наоѓаме во европскиот крем, верувам дека можеме да го направиме и овој последен исчекор. Свесни сме дека за противник го имаме европскиот првак Италија, тие ќе ја имаат поддршката и од публиката овде во Палермо, но јас верувам во квалитетите на нашите момци“, вели селекторот Благоја Милевски.

Да се победи Италија на гости е мало чудо, но Џани Алиоски вели дека во фудбалот сè е можно. Како поттик македонските фудбалери го имаат натпреварот од Дуисбург, кога ја победија Германија во квалификациите за СП со 1:2.

„Респект за Италија, тие се европски прваци и една од најсилните селекции на континентот. Одиграа одлично на ЕВРО 2020, но не значи и дека се непобедливи. Мора да бидеме мудри, да одиграме дисциплинирано, тактички речиси совршено и во таков случај, можеме да се надеваме на успех“,  вели Алиоски.

Натпреварот меѓу Италија и Македонија се игра на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо. Македонската репрезентација ќе ја бодрат околу 2.000 фанови кои од пред неколку дена се во Италија.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content