Историја, Географија и Граѓанско, повторно како посебни предмети во училиштата

Учебници за сите основци и за дел од средношколците од септември, посебни предмети и нов електронски дневник, најавува новата министерка за образование, Весна Јаневска.

177

Концепцијата за образование од времето на Мила Царовска, кога предметот општествени науки го замени наставниот предмет историја, нема да се укинува како што беше претходно најавувано, туку ќе биде реформирана. Во учебната 2025/26 година ќе биде со надградена концепција со нови наставни програми и планови, со нови учебниви за учениците, а посебните предмети, како што рече Јаневска, ќе почнат да функционираат уште оваа година.

Денеска беше промовиран и нов електронски дневник, во кој како што рече Јаневска, нема да може преку ноќ да се менуваат оценките или да се бришат изостаноците, како што било случај претходно. Нагласи дека до наставниците ќе бидат обучени како да го користат новиот дневник, а додека да се стави во употреба новиот, ќе функционира стариот е дневник.

Новата министерка најави дека уште утре ќе има средба со СОНК за да почнат првите преговори околу динамиката за подобрување на сите услови на вработените во образованието, вклучително и за потпишувањето колективен договор за покачувањата на платите, кој би се реализирал до крајот на мандатот.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content