Индивидуални партии ја обележаа ноќта во НБА лигата

51

ЛА Лејкерс славеа победа над Сакраменто Кингс 122:114. Повторно блескаше ветеранот Леброн Џејмс, постигна 31 поен. Џејмс на осум од последните девет натпревари постигнува најмалку 30 поени. Во редовите на Сакраменто се истакна Диерон Фокс со 30 поени.

Торонто Репторс славеа убедлива победа над Сан Антонио Спарс 129:104. Предводник во победата беше Фред Ванвлит со 33 поени.

 

Ар-Џеј Берет со 32 поени и Џулиус Рендл со 30 поени и 16 скокови ги предводеа Њујорк Никс до победата над Индијана Пејсерс 104:94.

Финикс Санс славеа победа во Њу Орлеанс 123:111. Најефикасен на натпреварот беше Девин Букерс со 33 поени.

Мемфис Гризлис ја потврдија одличната форма со победата во Кливленд 110:106. Џа Морент со 26 поени беше најефикасен во редовите на Мемфис.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content